Top Sport

Велковски со Ријека во 88 минута остана без ЛШ, исторски успех на Локомотива

Последното коло во фудбалскиот шампионат на Хрватска донесе трилер-разврска. Покрај шампионот Динамо Загреб во Лигата на шампионите оди и Локомотива, додека Ријека, Осијек и Хајдук ќе играат во Лига Европа.

Пред почетокот на ова коло Локомотива, Осијек и Ријека се бореа за второто место. На Локомотива и Осјек им беше потребна победа, додека Ријека посакуваше натпреварот нивниот меѓусебен дуел да заврши без победник.

Ријека лесно се справи со отпишаната Истра со головите на Чолак славеше 4:2. За Ријека 78 минути одигра Дарко Велковски.

Ријека второто место го имаше до 88 минута кога во Осијек авто-гол си постигна Лончар. Претходно Локомотива поведе со голот на Јакиќ во 54 минута, а четири минути подоцна израмни Мариќ.

Инаку навивачите на Осијек се собраа во голем број пред стадионот и со погрдни зборови скандираа против првиот човек на Сојузот Давор Шукер.

Тие беа незадоволни од одлкуката на Шукер последното коло да се игра пред празни трибини, иако претходно беше најавено дека ќе биде дозволено да бидат пополнети 30 отсто од капацитетите на стадионите.

Scroll to Top