Top Sport

Велс и голфот се приоритетите на Бејл

Герет Бејл во јануари ќе го напушти Реал. Велшанецот подолг период не е среќен во клубот, а според шпанските медиуми се очекува по новата година да замине на далечниот исток, во екипата на Шангај.

Бејл не е во добри односи со тренерот Зинедин Зидан, се мачи со повредите, а според поранешниот играч Предраг Мијатовиќ „кралскиот клуб“ не е приоритет за Велшанецот.

„Тој е затворен тип, многу се грижи за својата приватност. Не го познавам лично, но секогаш слушам дека за него Велс секогаш е приоритет. По репрезентацијата на Велс, на второто место му е голфот, па дури потоа доаѓа Реал Мадрид. Најлошо е што никогаш не знаеш кога можеш да се потпреш на него и дали воопшто е расположен да игра. Во репрезентацијата секогаш е здрав и секогаш го дава максимумот, додека во Реал не е така“, рекол Мијатовиќ.

Бејл во јануари заминува во Кина

Scroll to Top