Top Sport

Венеција се засили со Кузанс од Баерн Минхен

Венеција се пофали со своето прво зимско засилување, откако се договорија со Баерн Минхен за трансфер на 22-годишниот Французин, Мишел Кузанс, кој потпиша договор со италијанскиот прволигаш до 2025 година.

Кузанс ја почна кариерата во Стразбург, пред да се пресели во Борусија Менхенгладбах кога имаше само 17 години, за во август 2019 година да направи трансфер во Баерн Минхен. Сепак, кариерата кај Баварците не му одеше во вистински правец и тој беше пратен на позајмица во Олимпик Марсеј минатата сезона.

Scroll to Top