Top Sport

Венгер: Бев заложник на сопствените амбиции

Францускиот тренер Арсен Венгер заклучил дека направил грешка што 22 години минал во Арсенал, бидејќи станал заложник на сопствените амбиции.

Венгер, по завршувањето на сезоната, реши да го напушти Арсенал. Францускиот тренер, во едно интервју, открил која му била најголемата грешка што ја направил во кариерата.

„Можеби најголемата грешка е тоа што 22 години минав во еден клуб. Јас сум некој што сака да се движи, но и некој што сака предизвици. Бев заложник на сопствените амбиции“, рекол Венгер.

Поранешниот менаџер на Арсенал рекол и дека Тиери Анри е најдоброто засилување, во неговата ера во Арсенал. Тој како добри трансфери ги оценил и тие на Сол Кемпбел, Никола Ањелка, Коло Туре, Патрик Виера…

За трансфер промашувањата во Арсенал не сакал да говори, само кусо одговорил: „Ги имаше многу“.

Арсен Венгер со Арсенал три пати ја освои Премиер лигата, во 2006 година играше во финалето во Лигата на шампионите, а седум пати триумфирал во ФА купот.

Scroll to Top