Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, открил дека во минатото добил понуда од Манчестер Јунајтед да се пресели на „Олд Трафорд“.
„Од Сити никогаш не сум добил понуда, од Јунајтед ме бараа, но не можам да ви кажам кога“, рекол Венгер во изјава за „Four Four Two“.
Овој медиум специјализиран за фудбалот шпекулира дека Манчестер Јунајтед го барале Венгер во 2012 година кога Алекс Фергусон беше на залезот на кариерата.
„Не бев заинтересиран, бев во Арсенал. Имав љубовна приказна со Арсенал. Мојот живот е црвено-бел, го почувствува тој шарм веднаш по пристигнувањето во клубот“.
Арсена Венгер 22 години мина на клупата на Арсенал, освои три титули во Премиер лигата, седум во ФА купот.