Top Sport

Венгер добил поддршка од својот стар ривал Фергусон

Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер имаа многу остри дуели на теренот како менаџери на најдобрите клубови од Англија минатите 20 години, а сега легендарниот тренер на Манчестер јунајтед застанал во одбрана на својот ривал од Арсенал по големите критики кои ги доби Французинот.

„Топчиите“ беа посрамотени во финалето на Карабао купот минатиот месец и се шести во Премиер лигата со 13 поени зад лутите ривали Тотенхем на четвртото место, последно кое носи во Лигата на шампионите. Лигата на Европа е единствената реална шанса за пласман во ЛШ, и тука на „топчиите“ добро им оди ако се забележи победата од 2:0 на гостувањето кај Милан.

Многумина сметаат дека 21-годишното владеење на Арсен Венгер ќе заврши на крајот на сезоната, но тој барем има поддршка од Ферги.

„Добив многу пораки и благодарен сум. Сега и во минатото имав одлични односи со Фергусон. Понекогаш тој ми праќа порака кога работите не одат добро. Јас ги поддржувам сите менаџери и очигледно и тој го смета истото“, вели Венгер.

Тој верува дека има доволно сили да направи пресврт на „Емирати“.

„Имам доволно добри луѓе околу мене и морам да застанам зад тоа што е добро за клубот. Модерниот фудбал се врти околу парите, но за мене има некои вредности“, додава Венгер.

Арсенал со европска лекција за Милан, Бериша го „потопи“ Дортмунд (видео)

Scroll to Top