Top Sport

Венгер ги објаснува „маките“ на Алексис Санчез во Јунајтед

Алексис Санчез ја загубил самодовербата по трансферот од Арсенал во Манчестер јунајтед, вели неговиот поранешен шеф Арсен Венгер откако Чилеанецот не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“.

Санчез беше во фантастична форма за „топчиите“, но по трансферот во јануари под Жозе Мурињо, неговата форма е во надолна линија и тој има постигнато само четири гола. 29-годишниот Чилеанец на помалку од 12 месеци од пристигнувањето во Манчестер јунајтед предизвикува шпекулации за нов трансфер. Венгер вели дека жали што го гледа Санчез во таква позиција.

„Мислам дека ја загуби самодовербата. Неговата сила беше да ја преземе иницијативата на теренот и да дрибла. Тоа се тип на фудбалери кои се најранливи кога ќе ја загубат самодовербата“, вели Венгер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top