Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер верува дека неговиот француски сонародник Антоан Гризман не успева да го покаже својот талент во Барселона бидејќи е во сенка на Лионел Меси.
Гризман дојде во Барса минатото лето, откако во Атлетико покажуваше фантастични игри, а со Франција ја освои светската титула. Откако имаше најмалку 20 голови во претходните шест сезони, Гризман имаше само 15 гола во 48 меча во првата сезона со Барса, крајно разочарувачки за фудбалер за кој беа платени 120 милиони евра. Гризман нема гол во четири настапи за Барса оваа сезона.
„Не игра на својата позиција и тоа ги компликува работите на долги патеки. На почетокот, тој го прифати тоа, но ако не му се исполнат барањата, тогаш ја губи и самодовербата. Денеска, тој е фудбалер кој мора да игра во центарот, каде што може да биде опасен со последните додавања и со головите, но таму има ‘гужва’ поради Меси“, вели Венгер.