Top Sport

Венгер: Како самиот да си го организирав погребот

Арсен Венгер, во петокот, ја изненади спортската јавност со објавата дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Арсенал. Францускиот стратег цели 22 години е предводник на Арсенал.

Венгер ќе замине од клубот една година пред истекот на договорот. Пред англиските новинари тој открил дека незадоволството на навивачите нема врска со неговата одлука пред истекот на договорот да замине од клубот.

„Не, навивачите не ми ги повредија чувствата. Нема што да им забележам, не сакам да бидам на глупавите насловни страници. Моето заминување нема никаква врска со навивачите. Тие беа незадоволни, тоа можам да го разберам, со тоа можам да живеам“, рекол Венгер.

„Трогнат сум од пораките и пофалните зборови од целиот свет. Благодарен сум што работев во оваа земја. Англискиот фудбал е посебен, страста е посебна. Таква страст не постои никаде во светот“, изјавил менаџерот на Арсенал, а потоа се пошегувал на своја сметка.

„Откако објавив дека заминувам почувствував како да помогнав да се организира мојот погреб. Луѓето зборуваа каков сум бил, а се уште сум тука. Интересно искуство. Не морам да умрам за да разберам што ќе кажат луѓето“.

фото: EPA

Scroll to Top