Top Sport

Венгер награден од Здружението на тренерите од Премиер лигата

Здружението на тренерите од Премиер лигата, на Арсен Венгер, му додели награда за посебен придонес во фудбалот. Венгер, со Арсенал три пат бил шампион на Англија и седум пати го освоил Лига купот, а летово по 22 години замина од клубот.

Наградата на францускиот тренер му била доделена, во четвртокот, на Вембли, за време на традиционалната вечера што ја организира Здружението на тренерите. Наградата на Венгер му ја врачи селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт.

„За неговата сјајна тренерска кариера, со гордост му ја доделуваме оваа награда на Арсен Венгер. Улугата на менаџерите во многу нешта се смени од неговиот прв меч во Премиер лигата во 1996 година, но неговиот придонес за фудбалската игра во изминатите 22 години заслужува восхит од сите нас“, рекол извршниот директор на Здружението, Ричард Беван.

„Од кога не сум активен, секоја недела добивам некаква награда. Колку бев глупав што не се повлеков порано“, се шегувал Венгер додека ја примал наградата.

Scroll to Top