Легендарниот тренер на Арсенал Арсен Венгер смета дека првилото за офсајд треба да претрпи одредени промени. Венгер е претседател на комисијата на ФИФА задолжена за развој на фудбалската игра. Предлага промени во правилото за офсајд поради контроверзите што ги предизвикува ВАР, особено во Премиер лигата.
Венгер смета дека со измените на фудбалерите ќе им биде олеснета играта.
„Зборувам за промени во ситуации кога се работи за офсајд од неколку сантиметри. Постои простор за измени во правилата за офсајд. Сметан дека на тој начин ќе им ја олесниме работата на фудбалерите и судиите. Не треба да се суди офсајд ако во недозволена позиција е носот на фудбалерот“, рекол Венгер.
Прославениот тренер зборувал и за ВАР технологијата.
„Не постојат доволно стручњаци за ВАР, тука е проблемот, но бргу ќе биде решен. Поранешни судии и поранешни фудбалери мора да бидат вклучени во тоа“, заклучил тој.