Арсен Венгер инсистира дека Оливие Жиру нема да биде продаден во јануари бидејќи ќе му даде повеќе минути игра откако тој израмни во финишот против Саутемптон.
31-годишниот Жиру уште нема стартувано лигашки натпревар за „топчиите“ оваа сезона, но постигна гол во 88. да спаси 1:1 реми на гостувањето во Саутемптон. Французинот беше поврзуван со трансфер во Евертон во текот на летото, но остана на „Емирати“, но последните денови се појавија шпекулации дека ќе замине во Кристал Палас или Вест Хем за да добие повеќе минути за да добие шанса во француската репрезентација на СП во 2018 година.
Со голот кај Саутемптон, Жиру се израмни со поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер со 17 постигнати гола од клупата. Венгер сега ветува дека тој ќе добие повеќе простор.
„Ќе стартува во повеќе мечеви. Верувам дека секогаш е истото кога имате толку многу добри играчи – некои од нив нема да играат. Ако го ставиме него, некој друг треба да седи на клупата. Кога имаме толку важен играч како Оливие, зошто би дозовлиле да го загубиме“, вели Венгер.