Арсен Венгер, тренерот кој најголемите успеси ги постигна за време на 22 годишниот престој во Арсенал, бил подготвен да се врати на работа. Францускиот стратег си дозволи една година одмор, откако на почетокот на минатата сезона го замина од Арсенал.
Венгер неодамна потврди дека во изминатиот период добил неколку понуди.
„Откако заминав од Арсенал добив интересни понуди за работа. Разгледувам неколку од нив“, рекол Вангер.
Додека не реши дали ќе се врати како тренер, Венгер, ќе си ја обавува функцијата технички директор во ФИФА.
Венгер во кариерата бил тренер и во Нанси, Монако и Нагоја, со Арсенал освоил 17 трофеи.