Top Sport

Венгер повторно на тренерска клупа

Откако доби отказ во Арсенал во 2018 година, Французинот Арсен Венгер немаше можноста да води друг фудбалски клуб од клупата, но сега му се нуди можност сето тоа да се промени.

Играчите на Ал-Хилал и Ал-Наср во комбиниран состав ќе му се спротивстават на ПСЖ во пријателски меч што ќе се одигра во јануари идната година, а како тренер на тимот кој ќе им се спротивстави на „Светците“ е одбран токму Венгер.

„Големото тренерско име Арсен Венгер потпиша договор и ќе ги води ѕвездите на Ал-Хилал и Ал-Наср против ПСЖ“ се вели во соопштението.

Францускиот стручњак моментно е главен за фудбалски развој во ФИФА. Тој неодамна предложи фудбалските СП да се играат на секои 2 години што не најде премногу голема поддршка во јавноста.

Scroll to Top