Top Sport

Венгер реши да го продаде Алексис Санчез

Арсен Венгер минатото лето одби 65 милиони евра од Манчестер Сити за Алексис Санчез (29), а на крајот на приказната ќе биде пресреќен доколку заработи нешто од трансферот на фудбалеро кој ја одработува последната година од договорот со Арсенал.

Чиллеанецот во јуни ќе биде слободен играч и без обесштетување ќе може да бида каде ќе ја продолжи кариерата. Поради тоа, размислувањата во таборот на Арсенал се да го продадат напаѓачот веќе во јануарскиот трансфер период.

Доколку тоа се случи Арсенал ќе заработи од трансферот, а и ќе се смират страстите во соблекувалната.

Шпекулациите на медиумите говорат дека однесувањето на Санчез на тренинзите и натпреварите ги крева тензиите во соблекувалната , а тоа особено било изразено по ремито во Саутемптон (1:1).

Чилеанецот на тој натпревар делуваше отсутно и незаинтересирано, па дури и на менаџерот Венгер му станало јасно дека треба да го продаде. Наводно неколкумина од фудбалерите барале објаснување зошто не го продал Санчез кога имал можност да го направи тоа.

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал сега би прифатил 40 милиони евра за Санчез, а пред крај на преодниот рок би се задоволил и со помала сума.

Интересот за Чилеанецот е голем, а барем засега како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Манчестер Сити и ПСЖ. Овие два тима немаа проблем да платат 40 милиони евра за играч чии договор истекува за шест месеци.

Желбата на Санчез е повотрно да соработува со Пеп Гвардиола, додека адутот на ПСЖ е Јулијан Дракслер. Германецот минатото лето беше желба на Арсенал, а сега ПСЖ ќе се обиде да го искористи Германецот за да дојде до Алексис Санчез.

Scroll to Top