Арсен Венгер донесе многу големи имиња во Арсенал, но признава дека уште го прогонуваат тие кои не ги донесе, како Лионел Меси, Килијан Мбапе, Златан Ибрахимовиќ, Герет Бејл, но во прв план Кристијано Роналдо.
Венгер помина 22 години на клупата на „топчиите“ и вели дека најмногу боли неуспехот околу Роналдо – Арсенал беа блиску до неговиот потпис кога тој имаше 18 години во летото 2003 година. Но, по фантастичниот меч во пријателски меч пред стартот на сезоната помеѓу Спортинг Лисабон и Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон веднаш му даде договор.
Самиот Роналдо одамна призна дека бил блиску до северен Лондон, а Венгер сега даде детали.
„Уф, не е еден фудбалер што сум зажалил што не сум го донел, туку се 50! Од друга страна, можеби најблиску беше Кристијано Роналдо, кога отиде во Јунајтед. Имавме догоор со Спортинг, но Ман јунајтед го имаа Карлос Кеирош како помошник тренер и бргу склучија договор. Веќе му дадов дрес, имав ручек со него и со неговата мајка во нашите простории. Тоа е еден пример, но ги има многу. Историјата на секој голем клуб е полна со пропуштени фудбалери“, вели Венгер во интервју за „Гардијан“.