Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Марко Верати очигледно не може да ги остави цигарите, откако папараците го „уловија“ со цигара во рака во придружба на неговата девојка Џесика Аиди и моделот на „Викторијас сикрет“, Изабел Гулар и нејзиниот свршеник Кевин Трап во Сен Тропе.
Бидејќи фудбалот во Франција е суспендиран до септември, а Пари Сен-Жермен ќе игра во Лигата на шампионите во август, тие имаа доволно време за краток одмор.
27-годишниот Италијанец е во врска со Аиди од минатото лето, набргу по неговиот развод со Лаура Ѕаца.
Ова не е првпат Верати да биде забележан со цигара во устата, откако во 2016 година сопругата на соиграчот Маркињос објави фотографија од него во кафеана случајно на својот Инстаграм профил.