Марко Верати признава дека стартот на новата сезона за Пари Сен-Жермен е многу тешка по краткото време за опоравување од финалето на Лигата на шампионите, каде што загубија од Баерн Минхен.
ПСЖ го загубија финалето во Лисабон на 23 август, а од 10 септември се вратија со четири меча во Лига 1 во 10 дена. „Светците“ ги загубија првите два меча против Ленс и Марсеј, пред да се вратат со победи над Мец и Ница, а покрај тоа добија и суспензии по мечот со Марсеј по општата тепачка во финишот на мечот. Италијанецот признава дека ова не е совршено за нив.
„Ова е првпат да имам ваков старт на сезоната. Да се игра финале од ЛШ на 23 август, а на 29 август да се вратиш во Лига 1. Тоа не е оправдување, туку само проценка на ситуацијата. Во другите лиги имаа повеќе време за подготовки и мислам дека францускиот шампион, без разлика на тоа дали се работи за ПСЖ требаше да биде позаштитен. Без пред-сезона многу е тешко да се влезе во ритам“, вели Верати, кој веќе влезе во топ 5 во историјата на ПСЖ со 318 настапи за клубот од Париз, со кој освои седум Лига 1 титули.