Top Sport

Верати: На 15 ми велеа да одам во Милан, јас ги одбив

Марко Верати се потсети на своите фудбалски почетоци во Пескара, и одбивањето да се приклучи на гигантот Милан како тинејџер. Ѕвездата на Пари Сен-Жермен е еден од ретките италијански репрезентативци кои никогаш не играле во Серија А, бидејќи по поминувњето на фудбалската академија со Пескара, си замина во ПСЖ за само 12 милиони евра.

„Никогаш не можам доволно да се заблагодарам на луѓето во Пескара. Ако сум таму каддде што сум сега, тоа е блгодарение на нив. Кога излегуваш на терен со боите на тимот за кој си навивал како дете, емоциите не можат да се опишат. Кога имав 15 години, ми кажаа да ги спакувам коферите и да одам во Милан, но јас сакав да останам тука. Бидејќи не гледав на ова само како работа. Бев среќен во Пескара и сите ме сакаа тука“,, вели Верати.

29-годишниот ас имаше и совет за младите кои сакаат да станат професионални фудбалери.

„Секој може да успее во мојот пат. Јас сум обичен човек, ќе ви потврдат сите кои ме познаваат од детството. Не направив ништо неверојтно, само ги искористив моментите во мојата кариера“, додав Верати.

Scroll to Top