Top Sport

Верати: По ПСЖ ќе се вратам во Пескара, таму се морето и планините

Италијанската фудбалска ѕвезда, Марко Верати е еден од ретките репрезентативци на „аѕурите“ кој никогаш не заиграл во Серија А, и вели дека по крајот на кариерата во Пари Сен-Жермен ќе се врати на првата љубов – Пескара.

Верати замина во ПСЖ од Пескара во 2012 година и не планира да си замине од градот на светлината.

„Заљубен сум во ПСЖ и затоа секогаш го давам мојот максимум за да вратам за довербата која ми ја укажаа. Бев дете кога пристигнав, дојдов од мал провинциски град, и сите работи ги најдов тука. Станав маж, најдов љубов и моите деца се родени тука. Животот ми даде шанса да играм со најголемиот фудбалер во историјата, Лионел Меси. Има уште време до пензија и знам дека ќе останам тука до крај. Пред да се пензионирам ќе се вратам во Пескара, за моите пријатели и моето семејство. И секако, бидејќи таму се морето и планините“, вели Верати.

Scroll to Top