Фудбалерот на АЕК од Атина Огњен Врањеш предизвика нов скандал. Контроверзниот фудбалер физички се пресметал со соиграчот Даниел Верде во текот на натпреварот со Паниониос.
Грците викендов го продолжија првенството. Едно од новите правила, покрај петте измени, е на половина од полувремињата играчите да добијат две минутна пауза. Ова е превентивна перка за заштита од коронавирусот.
Токму во паузата, во 23 минута, Верде за гуша го фатил Врањеш, а поранешниот репрезентативец на БиХ реагирал, му ги тргнал рацете, а потоа соиграчите спречиле поголем инцидент.