Top Sport

Вердер и Херта во слободен пад, само бод за Шалке против „фенерџијата“

Пет натпревари се одиграа попладнево во Бундеслигата, во рамките на 21 коло. Шалке не успеа да го победи последно пласираниот Падерброн, а нов пораз кој го приближи до дното зашиша Вердер.

Вердер во средата ја елиминираше Борусија Дортмунд во Купот на Германија, меѓутоа не успеа да освои ниту бод пред своите навивачи против Унион Берлин. Гостите од престолнината славеа со головите на Бултер во 52 и 72 минута.

На табелата тоне и Херта иако овој тим сериозно се засили во зимскиот преоден рок. Мајн победи во Берлин со 3:1. Квајсон најави изненадување во Берлин во 17 минута. Овој резултат беше актуелен до 82 минута кога истиот играч ја зголеми предноста на Мајнц. Брума со авто-гол намали на 1:2 две минути подоцна, а Квајсон во 94 минута го комплетираше хет-трикот.

Шалке остана без два важна бода во борбата за висок пласман. Падерброн освои бод во Гелзенкирхен. Двата гола беа постигнати во вториот дел, Кукучу погоди за Шалке, а израмни Гјасул.

Волдмшнит со голот од пенал му донесе минимална победа на Франјбург против Хофенхајм.

Без победник 1:1 заврши натпреварот Волфсбург-Фортуна. Цимерман погоди за домаќините во 13 минута, а откако во 48 минута Понграчиќ доби црвен картон Фортуна израмни во 50 минута преку Штефен.

Scroll to Top