Вердер неочекувано станува најблизок ривал на Баерн Минхен во Бундеслигата по пет кола, откако со 3:1 го совлада тимот на Херта Берлин за да се доближи на два поени до шампионите.
Мартин Харник во 11. минута и Милош Велковиќ во финишот на полувремето донесоа 2:0 предност за „зелените“, пред Дилросон да намали на 2:1 во 53. минута, за Макс Крузе да стави печат на натпреварот во 66. минута со гол од пенал.
Фото: ЕПА