Top Sport

Вердер примија гол од пола терен па испаднаа од Купот на Германија

Вердер Бремен доживеа елиминација од Купот на Германија, во првото коло, од членот на германската Трета лига, Оснабрук. Вердер, минатата сезона, испаднаа од Бундеслигата, а елиминацијата во Купот не е добра најава за новата сезона, во која ќе се обидат експресно да се вратат во елитниот ранг на германскиот фудбал.

Оснабрук победија со 2:0. Вториот гол на Свен Келер е вистинска мајсторија, од центарот на игралиштето го совлада голманот на Вердер.

Пласман во наредната рунда, со победа од 7:0, над БФЦ Динамо забележа Штугарт. Еден гол постигна македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Scroll to Top