Top Sport

Вердер со пресврт за прв пораз на Ајнтрахт во 2021

Вердер Бремен со два гола во второто полувреме стигна до 2:1 победа над Ајнтрахт Франкфурт, ставајќи крај на серијата од пет победи во низа на „орлите“ и во исто време завршувајќи ја својата лоша серија од три меча без победа.

Андре Силва уште во деветтата минута ги донесе Франкфурт во водство, но „зелените“ се вратија на почетокот на второто полувреме – Теодор Гебре Селасие во 47. минута израмни, пред Американецот Џошуа Сарџент во 62. минута да донесе водство за домаќините.

Ајнтрахт останува на четвртото место на табелата пред комплетното 23. коло во Бундеслигата со 42 поени, додека Вердер сега е на 12. место со 26 освоени поени. Ајнтрахт беше единствениот клуб од топ 5 лигите кој немаше пораз во 2021 година.

Scroll to Top