Top Sport

Верету се сели во Наполи

Наполи го договориле првото засилување за наредната сезона. Карло Анчелоти редот за врска ќе го засили со играчот на Фиорентина, Жордан Верету. Францускиот интернационалец е поранешен играч на Нант и Астон Вила.

Наполи ја добиле трката со неколку други клубови за услугите на Верету, кој оваа сезона го покажа сиот свој потенцијал. За услугите на овој фудбалер Наполи ќе издвојат 20 милиони евра.

Верету кариерата ја започнал во Нант во 2011 година, четири години подоцна тој се преселил во Астон Вила, а откако екипата од Бирмингем испадна од Премиер лигата, една сезона бил позајмен во Сент Етиен.

Во Фиренца е од 2017 година, кога Фиорентина го откупиле неговиот договор од Астон Вила, за седум милиони евра. За Фиорентина има одиграно 62 натпревари на кои постигнал 15 гола.

Scroll to Top