Top Sport

Верету се заканувал на децата кои собираат топки?

Францускиот играч од средниот ред на Фиорентина, Жордан Верету може да добие суспензија по вестите дека се заканувал на едно момче кое собира топки на мечот против Кротоне на стадионот „Скида“.

Инцидентот се случи по неделната победа на Кротоне од 2:1 над Фиорентина. На видеото кое се споделува на Интернет не е многу јасно што се случува, но Верету може да се забележи како оди до групата на деца кои собираат топки, и јасно со прст посочува кон едното, за да тргне по него.

Серија А уште не објави дали постои дисциплинска постапка против него.

Scroll to Top