Top Sport

Верету за 25 минути го „скрши“ Удинезе

Рома забележа победа над Удинезе (3:0) во првиот меч од неделната програма во Серија А. „Волчицата“ победата ја обезбеди во почетните 25 минути, кога два гола постигна Жордан Верету.

Францускиот интернационалец првиот гол го постигна во петтата минута, а 20 минути подоцна погоди и од белата точка.

Конечниот резултат го постави Педро во 93.минута.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, за Удинезе настапи од 85.минута.

Рома со оваа победа остана во зоната која носи пласман во Лигата на шампионите. Екипата на Фонсека има 43 бода, шест помалку од водечкиот Милан.

Scroll to Top