Белгиецот Томас Вермален верува дека неговите последни настапи во дресот на Барселона на сите критичари им покажале дека тој „не е од стакло“.
Вермален во изминатите три сезони повеќе беше на лекарски третман отколку што играше, но во последните шест натпревари максимално ја искористи повредата на Умтити и како стартер одигра исклучително добро во последната линија.
Кога Вермален е во тимот Барселона не знае за пораз, односно Каталонците се непоразени на 16 натпревари во низа во Ла Лига.
„Научив да се носам со тоа што многумна сметаат дека сум „направен од стакло“. Среќен сум. Морав да бидам трпелив, бидејќи на почетокот ми беше многу тешко. Такви ми беа очекувањата кога дојдов во Барселона, не е лесно да влезеш во тим кој има толку многу ѕведи. Јас се сконцентрирав на моите цели, не зборував многу, се борев, работев напорно и ја чекав својата шанса“, рекол Вермален.