Top Sport

Вернер ги „крена“ Лајпциг против Хановер

Во дуелот на третопласираниот и четвртопласираниот во Бундеслигата, минатогодишниот вице-шампион РБ Лајпциг стигна до тешко извојувана 2:1 победа над изненадувањето на стартот на сезоната Хановер.

Човек на одлука во тимот на Ралф Хазенхитл беше 21-годишниот Тимо Вернер, кој во 85. минута, кога по додавањето на Емил Форсберг, не згреши и му донесе целосен пресврт на Лајпциг.

Претходно, Бразилецот Жонатас донесе водство за Хановер во 56. минута, замолчувајќи ги фановите на „Ред бул арената“. Лајпциг успеа да се врати во игра со голот на младиот Данец, Јусуф Поулсен во 70. минута.

Големото дерби во Германија, во кое Борусија Дортмунд го пречекува Баерн се игра денеска од 18.30 часот.

БУНДЕСЛИГА, 11.КОЛО

Аугзбург – Баер Леверкузен 1:1

Борусија Менхенгладбах – Мајнц 1:1

Фрајбург – Шалке 0:1

Хамбургер – Штутгарт 3:1

РБ Лајпциг – Хановер 2:1

Scroll to Top