Германскиот фудбалер Тимо Вернер во следните шест месеци ќе игра за Тотенхем како позајмен играч од Лајпциг, соопшти англискиот клуб.
Според медиумите во Англија и Германија, Тотенхем има откупна опција од 17 милиони евра на крајот од сезоната. Англискиот клуб ја презеде и платата на повремениот германски репрезентативец која изнесува 10 милиони евра по сезона.
Вернер пред два месеци го одигра последниот натпревар во Бундеслигата, додека во Лигата на шампионите одигра само едно полувреме од почетокот на сезоната.