Тимо Вернер признава дека животот во англиската Премиер лига е многу потежок од очекувањата, признавајќи дека се мачи со адаптацијата на англискиот фудбал.
24-годишниот Германец пристигна во Челси по фантастичните сезони во Бундеслигата со РБ Лајпциг, по што Роман Абрамович даде 45 милиони фунти за неговиот трансфер, но тој има само четири постигнати голови за „сините“.
„Не е важно колку чиниш, но секогаш има притисок кога ќе пристигнеш во нов тим. Мислам дека можам да се справам со тоа, бидејќи не е ништо ново. Добрите фудбалери се најдобри под притисок и тоа е мојот план. Премиер лигата, сепак, е малку поинаква од мојата стара лига и потешка отколку што мислев. Контактите тука се посилни отколку во Германија и иако го очекував тоа, не мислев дека е вака. Почетокот беше многу добар, но сега по повеќе мечеви малку страдам. Не е лесно да играш секои три дена, а покрај тоа во сабота против тим кој одмарал цела недела. Од друга страна, многу е забавно“, вели Вернер.