Top Sport

Вернер: Сон е да се игра за Лампард

Новото засилување на Челси, Тимо Вернер во своето прво интервју како играч на „сините“ вели дека можноста да се работи со легендите на клубот како Френк Лампард и Петр Чех го убедиле да дојде на „Стемфорд бриџ“.

24-годишниот Германец пристигна од РБ Лајпциг за 53 милиони фунти и сега вели дека титулата која Челси ја освои од Лигата на шампионите во 2012 година го инспирирала да го избере лондонскиот клуб.

„За мене е вистински сон да се работи со менаџер како Френк Лампард и со Петр Чех како технички советник. Сакам да бидам дел од новата ера на овој клуб“, вели Вернер.

Германецот пристигна во Лондон во текот на викендот, пред во понеделникот да го одработи првиот тренинг со клубот.

„Лампард беше клучниот човек. Зборувавме со него за многу работи како фудбалски системи, како сакаме да играме и како тоа ми одговара мене“, додава Германецот.

Scroll to Top