Top Sport

Верона го откупија Симеоне Јуниор и најверојатно ќе го продадат до крајот на летото!

Хелас Верона официјално го откупија договорот на Џовани Симеоне од Каљари, но италијанските медиуми очекуваат синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне да биде продаден до крајот на летниот преоден рок по интересот од Наполи, Аталанта, Валенсија и Арсенал.

26-годишниот Симеоне минатата сезона играше како позајмен фудбалер во тимот на Игор Тудор, постигнувајќи 17 гола во 36 настапи во Серија А, и сега Верона ја активираше клаузулата да го купат а 12 милиони евра и да му дадат нов четиригодишен доовор.

Според „Спорт Италија“, за популарниот Чолито се заинтересирани повеќе клубови, и Верона ќе се обиде да заработи добро од неговиот трансфер.

Scroll to Top