Top Sport

Верона казнета поради расизам

Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ) парично ја казни Верона со 20.000 евра поради расистичките испади на нејзините навивачи на натпреварот со Јувентус.

Исто така Верона доби условна казна, односно доколку повторно се повтори ваков испад тогаш ќе затвори дел од трибите на „Бентегоди“ стадионот.

Минатата сабота навивачите на Верона го навредуваа црномурестиот француски репрезентативец, кој игра за Јувентус, Блез Матуиди.

Французинот во победата на Јувентус 3:1 постигна еден гол.

Блез Матуиди е роден во Франција од мајка Конгоанка и татко кој има потекло од Ангола.

Scroll to Top