Top Sport

Верона освои бод против Аталанта

Фудбалерите на Верона и Аталанта одиграа 1:1 во отворањето на 34 коло во Серија А. Избраниците на Џанпјеро Гасперини не успеаја да забележат нова победа и дополнително да се доближат до лидерот Јувентус.

Натпреварот на „Бентегоди“ немаше резултатско значење, Аталанта има место во Лигата на шампионите додека Верона е на дветата позиција со обезбеден опстанок и без шанси да избори пласман во Лига Европа.

Екипата на Аталанта до предност на овој меч дојде во 50 минута кога грешката на Гинтер ја искористи Залата. Колумбиецот го постигна 17 гол во сезоната.

Девет минути подоцна Верона успеа да израмни. Песина ја искористи слабата интервенција на голманот Голини и ја проследи топката во мрежата.

Scroll to Top