Top Sport

Весли Снајдер го уништил автомобилот на соседот (Видео)

Весли Снајдер фудбалер од најславната генерација на Интер, која под палката на Жозе Мурињо ја освои тројната круна во 2010 година, покрај извонредните фудбалски квалитети е познат и по своето проблематично однесување.

35 годишниот Снајдер, минатата недела бил уапсен во родниот Утрехт поради насилничко однесување.

Фудбалерот на еден од своите соседи му го уништил автомобилот. Безбедносните камери го снимиле како го крши, игра и лежи на покривот на автомобилот.

Снајдер бил ослободен од пполициската станица откако се согласил да ја плати штетата што ја предизвикал, а која изнесува близу 5.500 евра.

Scroll to Top