Вест хем се подготвени да се разделат со еден од нивните најдобри фудбалери, Деклан Рајс, но тоа би го направиле за сума од околу 90 милиони фунти.
Според британските медиуми, планот на „чеканите“ е да го продадат Рајс додека неговата вредност е висока, посебно бидејќи тој ги одбива понудите за нов договор. Вест хем чекаа понуда од над 100 милиони фунти во летниот преоден рок, а и покрај заинтересираноста на Манчестер јунајтед и Челси, до понуда не дојде.
Рајс има уште две години од договорот со Вест хем, и иако клубот планира да му понуди нов договор, тие веќе размислуваат за тоа кој би можел да го замени во клубот.