Фудбалскиот клуб Вест Хем јунајтед објави дека им изрекол доживотна забрана за присуство на натпреварите на клубот, на сите навивачи што на дуелот против Барнли влегле на теренот.
Навивачите на Вест Хем јунајтед неколку пати во текот на споменатиот дуел влегуваа на теренот, а во една ситуација мораше да интервенира и домашниот капитен Марк Нобл.
Досега биле идентификувани двајца, а клубот соопшти дека заедно со полицијата работат на идентификацијата на останатите хулигани.
„Клубот спроведува детална истрага и тесно соработува со полицијата за да ги идентификуваме сите оние што во текот на натпреварот влегуваа во теренот, но и оние што со ситни пари ги гаѓаа сопственисите на клубот. На сите ќе им биде изречена доживотна забрана за присуство на натпреварите на Вест Хем, а ќе побараме да им биде забранет влезот и на другите стадиони во Англија“, се наведува во клупското соопштение.