Иако се шпекулираше дека ќе пристигне во Ливерпул или Евертон, украинскиот репрезентативец Андриј Јармоленко потпиша четиригодишен договор со Вест хем, и со „чеканите“ ќе дебитира во Премиер лигата.
Јармоленко доаѓа од тимот на Борусија Дортмунд за убава сума од 17.5 милиони фунти.
„Вест хем е голем клуб со фантастични навивачи и среќен сум што конечно ќе заиграм во Премиер лигата, најдобрата лига на светот. Знам дека тука се гради интересен проект. Тимот има големи амбиции оваа сезона“, вели Јармоленко.
Вест хем ќе биде целосно нов тим во новата сезона – со нов менаџер во Мануел Пелегрини и со низа засилувања покрај Јармоленко: Џек Вилшир, Рајан Фредерикс, Лукаш Фабијански и Иса Диоп.
Announcing Yarmolenko… #WelcomeAndriy pic.twitter.com/ZEnkm955sY
— West Ham United (@WestHamUtd) July 11, 2018