Top Sport

Вест Хем го добија Жоао Марио (видео)

Жоао Марио официјално го комплетираше трансферот од Интер во Вест Хем на позајмица без опција за откуп на договорот.

За португалскиот интернационалец, „чеканите“ ќе платат 1.1 милиони евра за шестмесечна позајмица, и во тој период ќе ја исплаќаат платата на Марио. Тој може да дебитира веќе во вторник на мечот од Премиер лигата против Кристал Палас.

„Среќен сум што сум во Лондон и што доаѓам во овој фантастичен тим. Трансферот се случи многу бргу и благодарен сум за шансата да играм во Премиер лигата. Ова е историски клуб со фантастичен стадион и фантастични соиграчи“, изјави Жоао Марио.

Тој дојде во Интер од Спортинг за 40 милиони евра во летото 2016 година, неколку месеци откако беше дел од португалската репрезентација која победи на Европското првенство. 25-годишниот Жоао Марио имаше 47 настапи за Интер, постигнувајќи 3 гола и 12 асистенции.

Scroll to Top