Вест хем јунајтед продолжија со градењето на тимот, откако го потврдија трансферот на Курт Зума од Челси за 29.8 милиони фунти, а најавуваат и враќање на Џеси Лингард од Јунајтед во тимот.
26-годишниот француски дефанзивец потпиша четиригодишен доовор со клубот за да стане трето големо засилување за лондонскиот клуб ова лето, по дефанзивецот на Вотфорд, Крег Досон и голманот на ПСЖ, Алфонс Ареола.
„Горд сум што се оствари трансферот, а разговорот со менаџерот Дејвид Мојс ме убеди веднаш, бидејќи се разбравме дека градиме нов силен тим. Сакам да бидам дел од тој проект“, изјави Зума.
„Чеканите“ во моментов се непоразени во Премиер лигата по три кола и израменти на првото место со две победи и едно реми, откако лани стигнаа до шестото место на табелата, најголем успех од 1992/93.
Вест хем, според британските медиуми, сега се надеваат да го добијат Џеси Лингард од Манчестер јунајтед, чија цена треба да е намалена по пристигнувањето на Кристијано Роналдо. Лингард од јануари беше во Вест хем, покажувајќи фантастична форма по што доби и враќање во англиската репрезентација.
? @KurtZouma has sent you a message! pic.twitter.com/dvOwEPVm89
— West Ham United (@WestHam) August 28, 2021