Top Sport

Вест хем го купија Бенрама за 25 милиони фунти

Вест хем го добија посакуваното засилување во крилото Саид Бенрама од Брентфорд, првично на позајмица, која следното лето ќе биде трансформирана во постојан трансфер за 25 милиони фунти.

Лондонскиот клуб се обидуваше да го добие алжирскиот репрезентативец на постојан договор, но откако се појавија проблеми на вториот медицински тест, се смени и договорот. „Чеканите“ ќе платат 5 милиони фунти однапред за 25-годишниот Бенрама до крајот на сезоната, пред постојаниот трансфер. Тој нема да може да игра на неделниот меч против Тотенхем поради административни проблеми.

„Пресреќен сум што сум дел од овој тим. Вест хем е историски клуб, кој е во Премиер лигата долго време и секогаш привлекувал добри фудбалери. Зборував со менаџерот и знам што се очекува од мене“, вели Бенрама.

Тој постигна 27 гола во 83 меча во Чемпионшип за Брентфорд.

Scroll to Top