Top Sport

Вест хем го купија Емерсон Палмиери

Вест хем го потврдија своето седмо засилување во летниот преоден рок, добивајќи го италијанскиот репрезентативец Емерсон Палмиери од Челси, за сума од околу 15 милиони фунти.

28-годишниот дефанзивец се приклучува на „чеканите“ со четиригодишен договор. Тој е роден во Бразил, но се пресели во Италија во 2014, по што доби државјанство и настапуваше за италијанската репрезентација, со која лани го освои Европското првенство со победа над Англија. Тој беше пет сезони во Челси, но имаше само 71 настапи, откако поголемиот дел од времето беше на позајмица во Лион.

„Пресреќен сум што добивм ваква шанса. Вест хем се голем тим и подготвен сум да помогнам“, изјави Емерсон.

Scroll to Top