Top Sport

Вест Хем го срушија клупскиот рекорд

Францускиот напаѓач, Себастијан Алер, го напушти Ајнтрахт Франкфурт, откако клубот го договорил неговиот трансфер во Вест Хем. Трансферот на 25 годишниот фудбалер изнесува околу 50 милиони евра (42,5 милиони фунти).

„Чеканите“ го урнаа клупскиот рекорд, бидејќи клубот никогаш досега не платиле толкава сума за еден фудбалер. Алер со Вест Хем ќе потпише пет годишен договор, а по сезона ќе заработува седум милиони евра. Францускиот играч, минатата сезона одиграл 41 натпревар за Ајнтрахт и постигнал 20 гола.

Тој наредната сезона ќе го предводи нападот на Вест Хем, бидејќи од клубот си заминаа Марко Арнаутовиќ, Енди Керол и Лукас Перез.

Ајнтрахт го реализира вториот најголем трансфер во историјата на клубот, пред неколку недели Лука Јовиќ замина во Реал Мадрид за 60 милиони евра.

Scroll to Top