Top Sport

Вест Хем издвоија богатство за дефанзивец од Мароко

Вест Хем јунајтед го потврдија првото засилување во актуелниот преоден рок. Нов играч на „чеканите“ е Мароканецот Најеф Агерд (26).

Според островските медиуми, ова е една од највредните аквизиции во историјата на Вест Хем. Со сите бонуси, Рен од трансферот може да заработи 35.000.000 евра.

Рен завршија одлична работа бидејќи пред само две години го донесоа Агерд од Дижон за 4.000.000 евра.

Агерд игра во централниот дел од одбраната, минатата сезона ја заврши со четири гола и три асистенции.

Трансферот на Агерд ќе го забрза заминувањето на Иса Диоп во Лацио.

 

Scroll to Top