Top Sport

Вест Хем ќе тргнат по потписот на Симеоне

Џовани Симеоне, син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне, игра во животна форма. Промената на тренерот во Верона му „легна“ на Чолито. Вод водство на Игор Тудор немилосрдно ги тресе противничките мрежи.

Џовани Симеоне, од почетокот на сезоната има постигнато девет гола, седум од нов на последните три натпревари. Чолито, како позајмен играч од Каљари настапува на „Бентегоди“. Верона има опција да го отпкупи неговиот договор за 12 милиони евра.

Англиските медиуми тврдат дека Симеоне се наоѓа на радарот на Вест Хем јунајтед. „Чеканите“, имаат големи амбиции оваа сезона. Во Лига купот стигнаа до четврт-финалето, откако ги елиминираа Јунајтед и Сити, а во Премиер лигата се наоѓаат на делба на третата позиција.

Амбиците им се јасни, сакаат наредната сезона да играат во Лигата на шампионите.

Менаџерот, Дејвид Мојс, го означил Чолито како идеална замена за првиот напаѓач, Микел Антонио. Вест Хем ќе се обидат во зимскиот преоден рок да го донесат Аргентинецот во Лондон.

Scroll to Top