Патрис Евра е пред изненадувачки кам-бек во Премиер лигата, откако Вест Хем преговараат со францускиот ветеран за договор.
36-годишниот Евра е без клуб откако беше отпуштен од Марсеј во ноември по скандалот со нападот на навивачот на меч од Лигата на Европа. Шефот на „чеканите“, Дејвид Мојс има искуство со Евра, работејќи со него во сезоната во која беше на чело на Манчестер јунајтед и тој би ја засилил одбраната на тимот во борбата за опстанок. Евра во вторникот беше забележан на тренинг-терените на Вест Хем.
По инцидентот УЕФА му одреди суспензија од европските натпреварувања до крајот на јуни, но Вест Хем не игра во Европа, така што тоа нема да биде проблем. Евра имаше над 300 настапи за Јунајтед пред да замине по сезоната 2013/14, освојувајќи пет титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампиони, пред да замине за Јувентус, со кои освои две титули во Серија А.