Вест хем јунајтед се обидуваат да направат „поход“ на премиерлигашките ривали Лидс јунајтед за Калвин Филипс и Рафиња, јавува „Гол“.
Двајцата фудбалери се ценат на над 50 милиони фунти, но „чеканите“ се подготвени да ја платат оваа сума во обидот да останат во топ 4 и да обезбедат пласман во Лигата на шампиони. Лидс оваа сезона не играат во најдобра форма, но двајцата фудбалери од средниот ред само ја зголемија својата репутација со одлични игри.
Филипс, кој е во Лидс од својата 14-та година, беше еден од хероите при враќањето во Премиерлигата пред две години, добивајќи повик и во англиската репрезентација, за која дебитираше во август 2020.
Бразилецот Рафиња, пак, исто така доби повик во својата репрезентација по импресивните игри за Лидс по трансферот од Рен во 2020.