Top Sport

Вест Хем наместо Лингард го носат Никола Влашиќ

Британски „The Telegraph“ објави информација дека Никола Влашиќ е високо на листата со желби во премиерлигашот Вест Хем. Информациите се дека хрватскиот фидбалер ќе заврши во лондонскиот клуб затоа што предводникот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер сака од кај „чаканите“ да го врати на „Олд Трафорд“ Џеси Лингард.

До неодамнасе шпекулираше дека Хрватот ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот вицешампион, Милан.

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс на располагање има 40 милиони фунти за засилувања, а верува дека московска ЦСКА би го пуштила Влашиќ и за 20 милиони.

„Чеканите“ се обидоа да го откупат договорот на Лингард, но „ѓаволите“ за него бараат 30 милиони евра.

Влашиќ минатата сезона постигна 12, а сезона пред тоа 13 гола за „армејците“.

Има искуство во Премиерлигата. Во сезоната 2017/2018 играше за Евертон. На 19 меча постигна 2 гола.
За четирите сезони колку што е во ЦСКА Москва има 33 гола на 107 меча.

Scroll to Top